Во живо 20:00 „Ноќно студио“ со Анастасија Павловска „Кој ги следи студентите“ Гледај
Балкан

Хрватска се простува од Елена Цветкова, познатата новинарка и ликовна критичарка со потекло од Скопје

Хрватска се простува од Елена Цветкова, познатата новинарка и ликовна критичарка со потекло од Скопје

Во Загреб, на 90-годишна возраст, почина истакнатата новинарка, ликовна критичарка и историчарка на уметноста Елена Цветкова, која остави значаен белег во хрватскиот културен живот во втората половина на 20 век.

Веста за нејзината смрт ја соопшти Друштвото на историчари на уметноста на Хрватска, од каде што истакнаа дека Цветкова имала исклучителен придонес во афирмацијата на современата уметност и во приближувањето на уметничките случувања до пошироката јавност.

Елена Цветкова е родена на 23 март 1936 година во Скопје. По завршувањето на средното образование се преселила во Загреб, каде што во 1960 година дипломирала историја на уметност на Филозофскиот факултет.

Новинарската кариера ја започнала како дописничка на Радио Скопје, а подоцна соработувала со весникот „Вјесник“. Од 1962 година до пензионирањето во 2000 година работела како новинарка во хрватскиот „Вечерњи лист“.

Во текот на својата долгогодишна кариера објавувала интервјуа со бројни истакнати уметници, меѓу кои Оскар Херман, Војин Бакиќ, Едо Муртиќ и други значајни имиња од хрватската уметничка сцена. Пишувала и ликовни критики, како и предговори за каталози на изложби.

За својот професионален придонес добила повеќе признанија, меѓу кои Орден за заслуги за народот со сребрена ѕвезда во 1978 година и Орден на Даница Хрватска со ликот на Марко Марулиќ во 1998 година.

Во 2009 година ја добила и Повелбата на Друштвото на историчари на уметноста на Хрватска, како признание за нејзината долгогодишна работа и придонес во културата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни