Во живо 20:00 „Ноќно студио“ со Анастасија Павловска „Кој ги следи студентите“ Гледај
Македонија

Павловска: Потребни се 184 легла за жртвите на насилство, а во 2025 година имало само 67

Павловска: Потребни се 184 легла за жртвите на насилство, а во 2025 година имало само 67

Македонија нема доволно капацитети за сместување и поддршка на жртвите на семејно насилство, предупреди граѓанската активистка Анастасија Павловска во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Повикувајќи се на наоди од Државниот завод за ревизија поврзани со спроведувањето на Истанбулската конвенција, Павловска посочи дека потребни се 184 легла за згрижување жртви, додека во 2025 година биле обезбедени само 67.

„Според Државниот завод за ревизија, иако нам ни се потребни 184 легла според бројот на жртви, ние во 2025 година сме имале само 67 легла. Од 19 советувалишта, сме имале само 11“, истакна Павловска.

Според неа, недостигот од специјализирани услуги дополнително ја отежнува заштитата на жените кои се соочуваат со насилство.

„Првично, треба веднаш да се воспостави систем каде што ќе имаме итна координација меѓу Центарот за социјална работа и МВР. Понатаму, треба повеќе да се финансираат специјализираните услуги, како шелтерите и советувалиштата“, порача активистката.

Таа нагласи дека институциите мора да обезбедат функционална заштита, наместо жртвите да бидат оставени сами да се справуваат со ризиците.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни