Рускиот амбасадор во САД Александар Дарчиев почина во Москва од хронична болест, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа напомена дека веќе пристигнале голем број пораки за сочувство „од сите краишта на планетата“ во врска со смртта на рускиот амбасадор во САД.
– Исполнети се со тага поради загубата и со топли сеќавања на нашата заедничка работа и пријателство. Исто така добиваме прашања од медиумите. Американските медиуми се активираа со нивните непристојни теории на сомнеж – рече Захарова.
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти претходно дека денеска амбасадорот на Русија во САД Александар Дарчиев ненадејно почина во 66-та година од животот.