Во живо Продажба или стечај за Алта Банка „Ноќно студио“ во живо Гледај
Македонија

Лазовски: Кој има повеќе станови треба да плаќа поголем данок – не може сите да имаат ист третман

Лазовски: Кој има повеќе станови треба да плаќа поголем данок – не може сите да имаат ист третман

Граѓаните кои поседуваат повеќе станови, особено оние што ги купуваат како инвестиција, треба да имаат поинаков даночен третман од семејствата кои живеат во единствениот стан што го поседуваат. Ова го оцени економскиот аналитичар Славко Лазовски во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Според него, постојниот пристап кон оданочувањето на недвижностите не прави доволна разлика меѓу стан што служи за живеење и недвижност што се купува за вложување или остварување профит.

„Колку е праведен даночниот третман што го добива едно семејство кое живее во стан, во споредба со друго кое го купило станот како инвестиција? Мора да се направи разлика тука“, истакна Лазовски.

Тој посочи дека во Скопје се градат голем број станбени единици, додека дел од постојните станови остануваат празни или ненаселени.

Лазовски смета дека повисокото оданочување на дополнителниот станбен имот би можело да го намали интересот за акумулирање недвижности исклучиво како форма на штедење.

„Мора да се оданочува оној што има вишок станбен фонд, станбена површина, и тоа повеќе, за да се дестимулира штедењето преку купување нови станови“, нагласи тој.

Според економскиот аналитичар, граѓаните во Македонија често ги вложуваат своите заштеди во купување дополнителни станови бидејќи другите инвестициски инструменти не се доволно развиени или познати.

Тој смета дека државата треба да поттикнува алтернативни форми на инвестирање, како државни и општински обврзници и вложувања во акции.

Лазовски посочи дека фискалната политика може да има важна улога во насочувањето на капиталот кон други економски активности, наместо заштедите постојано да се вложуваат во недвижности.

Според него, потребни се даночни решенија што ќе обезбедат поправеден третман на сопствениците и ќе придонесат за поефикасно користење на станбениот фонд.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни