Свет

Масовни протести низ Франција, мобилизирани 70.000 полицајци и жандарми

Масовни протести низ Франција, мобилизирани 70.000 полицајци и жандарми

Нови масовни протести се одржуваат денеска низ Франција, каде што младите и припадниците на движењето „Жолти елеци“ бараат повисоки плати, повеќе средства за образование и поголема заштита на децата и адолесцентите.

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, соопшти дека низ земјата се очекуваат меѓу 50 и 60 протестни собири, поради што се мобилизирани околу 70.000 полицајци и жандарми.

Во Париз демонстрациите против високите трошоци за живот започнаа на Плоштадот Република, а поради движењето на демонстрантите затворена е 21 метро-станица.

На протестите во француската престолнина се очекува да се приклучат и активисти за заштита на животната средина и организации кои се борат против насилството врз децата и младите. Проценките се дека на улиците на Париз ќе излезат меѓу 30.000 и 60.000 демонстранти.

Протестни собири се најавени и во Бордо, Рен, Лион и Марсеј.

Во Тулуз мирно заврши протестот организиран од левичарските партии и синдикатите, на кој, според полициските проценки, присуствувале 1.800 лица, додека организаторите соопштија дека имало околу 6.000 учесници.

Денешните демонстрации се продолжение на бранот протести што започна на 24 октомври.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни