Воздушниот сообраќај во Соединетите Американски Држави постепено се нормализира по повеќечасовниот прекин, кој предизвика откажување на повеќе од 2.000 летови и доцнење на стотици други, со последици за авиосообраќајот низ целиот свет.
Според претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, причината за колапсот е преоптоварување на застарената опрема при имплементација на нови технологии во системот за контрола на воздушниот сообраќај.
Техничките проблеми предизвикале прекин во комуникациските системи и нарушување на радарската покриеност, поради што летовите биле запрени повеќе од четири часа.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста дека зад инцидентот стои кибернапад.
Иако воздушниот сообраќај постепено се обновува, последиците од прекинот се очекува да се чувствуваат уште неколку дена.
Американските власти очекуваат системот целосно да се стабилизира пред Денот на благодарноста, кој годинава се одбележува на 26 ноември, кога традиционално се бележи зголемен број патувања низ земјата.