Македонија

Нова серија интернет измами: Граѓаните добиваат лажни казни од „Безбеден град“

Нова серија интернет измами: Граѓаните добиваат лажни казни од „Безбеден град“
Фото: 4news.mk

Повторно зачестени интернет измами и лажни пораки за сообраќајни прекршоци регистрирани од системот „Безбеден град“. Од СВР Охрид предупредуваат дека во изминатиот период е зголемен бројот на пријави од измамени граѓани.

Измамниците испраќаат СМС и електронски пораки од странски телефонски броеви, кои содржат линкови до лажни веб-страници. Преку нив се обидуваат да дојдат до личните и банкарските податоци на граѓаните.

Дел од измамите се поврзани со наводни инвестиции и тргување со финансиски инструменти, при што на граѓаните им се ветува голема и брза заработувачка.

Во други случаи, граѓаните добиваат лажни известувања дека сториле сообраќаен прекршок, со линк преку кој се бара да платат парична казна.

Полицијата апелира граѓаните да не отвораат сомнителни линкови, да не споделуваат лични и банкарски податоци, да не вршат уплати и секој обид за измама да го пријават во најблиската полициска станица.

Од СВР Охрид потсетуваат дека официјалните СМС-известувања од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR SC“ и содржат целосни податоци и фотографии од возилото со кое е сторен прекршокот, како и линк до официјалната веб-страница.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни