Свет

САД и Кина преговараат за намалување на царините пред средбата на Трамп и Си

САД и Кина преговараат за намалување на царините пред средбата на Трамп и Си

Соединетите Американски Држави и Кина одржаа консултации за трговските односи, само неколку дена пред најавената средба на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг.

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека во петокот, преку видеоконференција, се одржал првиот состанок на заедничкиот трговски совет.

Во фокусот на разговорите било можното намалување на царините во вредност од 30 милијарди долари, трговијата со земјоделски производи и други прашања од заеднички интерес.

Од кинеското министерство ги оценија разговорите како отворени, темелни и конструктивни, но засега не се соопштени конкретни резултати.

Билатералниот трговски механизам беше договорен во мај, на средбата меѓу Трамп и Си во Пекинг, а дополнително беше разработен во септември во Вашингтон.

Според најавите на Белата куќа, двајцата лидери повторно ќе се сретнат во четврток, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен.

Предвидена е и прва трилатерална средба на која, покрај Трамп и Си, ќе учествува и рускиот претседател Владимир Путин.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни