Македонија

Хаџи Василева: Се работи на дел од предметите поврзани со лица на американската црна листа

Хаџи Василева: Се работи на дел од предметите поврзани со лица на американската црна листа

Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се работи на дел од предметите поврзани со лица на американската црна листа, изјави новата шефица Искра Хаџи Василева.

Одговарајќи на новинарско прашање дали овие случаи ќе бидат меѓу нејзините приоритети, таа посочи дека за дел од дејствијата не може јавно да се зборува и дека информациите зависат од конкретниот предмет и фазата на постапката.

Во одговорот го спомена и предметот за Груби, за кој наведе дека се води во ова обвинителство, но не соопшти дополнителни детали.

Хаџи Василева не најави нови обвинителски одлуки, ниту рокови за завршување на постапките. Не прецизираше ни кои други лица или предмети се опфатени со нејзиниот одговор.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни