Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер ќе преовладува денеска низ Македонија. Во западните делови од земјата се очекуваат пообилни врнежи, со количества над 15 литри на квадратен метар.
Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој на одредени места во западните региони ќе достигнува брзина над 80 километри на час.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот постојат услови за слаб дожд, а ќе дува слаб до умерен, повремено засилен јужен ветер.
Според метеоролошките прогнози, нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови, со повремени локални врнежи од дожд со различен интензитет.
И покрај облачноста и врнежите, под влијание на јужното воздушно струење, до крајот на неделата ќе се задржат релативно високи температури, над просекот за овој период од годината.
Најавениот силен ветер ќе биде особено изразен во западните делови на земјата, каде што повремено се очекуваат удари над 80 километри на час.