Балкан

Целосен прекин на сообраќајот на автопатот Солун – Евзони од петок до понеделник

Целосен прекин на сообраќајот на автопатот Солун – Евзони од петок до понеделник

Возачите кои планираат патување меѓу Македонија и Грција во претстојниот викенд ќе мора да користат алтернативни патишта поради целосно затворање на дел од автопатот А1. Прекинот ќе трае од петок, 20 ноември, до понеделник, 23 ноември, а причината е уривање на надвозник.

Според известувањето на грчката Федерација на здруженија на патни превозници (ОФАЕ), сообраќајот во двата правци ќе биде во прекин од 8 часот наутро во петок до 12 часот напладне во понеделник. Затворена ќе биде делницата меѓу клучките Агиос Атанасиос и Поликастро.

За возачите кои патуваат кон Евзони ќе биде организирано пренасочување кај клучката Агиос Атанасиос. Оттаму ќе продолжуваат по националниот пат Солун–Едеса, а потоа по стариот национален пат Солун–Евзони, преку населените места Гефира, Прохома и Кастанас, сè до повторното вклучување на автопатот кај Поликастро.

Истата алтернативна траса ќе ја користат и возачите кои од Поликастро се движат кон Солун.

Причината за затворањето е уривање на надвозник кој се наоѓа на 14-тиот километар од делницата.

На возачите им се препорачува да ја следат привремената сообраќајна сигнализација и да планираат дополнително време за патување поради изменетиот режим на сообраќај.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни