Пред зградата на Владата започна протестот против фемицидот и насилството врз жените. На собирот се собраа граѓани кои со транспаренти и пораки го изразија револтот поради убиствата на жени и, како што порачаа, недоволната институционална реакција.

Меѓу пораките што можеа да се забележат на протестот беа „Мал престап, жени убива брат“ и „Бараме институционална одговорност“.

Присутните побараа одговорност од надлежните институции и конкретни мерки за заштита на жените од насилство, нагласувајќи дека е неопходна навремена реакција за да се спречат нови трагедии.