Македонија

67-годишна жена од Дрење тешко повредена по пријавен напад во Крива Паланка

67-годишна жена од Дрење тешко повредена по пријавен напад во Крива Паланка

Шеесет и седумгодишна жена од селото Дрење, Крива Паланка, е со тешки телесни повреди по пријавен физички напад од тројца мажи поради недоразбирање околу крави што, според пријавата, правеле штета, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираа дека на 21.11.2026 во 09:00 часот во ОВР Крива Паланка, Д.Д. (67) пријавила дека во селото Дрење била нападната од Г.Ѓ., А.Ѓ. и А.Ѓ., сопственици на крави „шетачи“.

Повредите на жената се констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, наведуваат од полицијата.

Настанот првично беше објавен од „Фокус“, со повикување на информации од МВР.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни