Балкан

Чупиќ: Претседателските избори во Србија ќе се одржат на 27 декември

Чупиќ: Претседателските избори во Србија ќе се одржат на 27 декември

Србија на крајот на декември ќе гласа на претседателски избори. Изборниот процес треба да биде официјално започнат најдоцна до 26 ноември, а граѓаните ќе излезат на гласање на 27 декември, потврди Александар Чупиќ во гостувањето во емисијата „Впечаток на неделата“ на телевизијата Н1.

Чупиќ посочи дека изборите требало да бидат распишани многу порано, а според него, тоа требало да го направи претходната вршителка на должноста, Ана Брнабиќ.

„Изборите требаше да бидат распишани многу порано. Тоа требаше да го стори претходниот вршител на должноста, госпоѓата Ана Брнабиќ. Изборите треба да се распишат најдоцна до 26 ноември и ќе се одржат на 27 декември. Тоа е последниот, односно единствениот рок“, изјави Чупиќ.

Тој потврди и дека таканаречената Студентска листа веќе го избрала својот кандидат за претседателските избори. Чупиќ рече дека го знае името на кандидатот, но засега не може да го открие во јавноста.

Тој додаде дека граѓаните треба да имаат доверба во квалитетот на донесената одлука за изборот на кандидатот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни