Свет

Одборот на директори на „Енвидија“ повторно го именува Џенсен Хуанг за извршен директор

Одборот на директори на „Енвидија“ повторно го именува Џенсен Хуанг за извршен директор

Одлуката на Управниот одбор на американската технолошка компанија „Енвидија“ предизвика пресврт во раководството, откако Џенсен Хуанг повторно беше именуван за претседател, извршен директор и член на Одборот на директори, соопшти компанијата во понеделникот.

Одлуката била донесена по консултации со високи претставници на американската влада. Од Одборот наведуваат дека се уверени оти Хуанг не претставува ризик за националната безбедност на САД.

Во соопштението објавено на страницата за односи со инвеститорите, компанијата информира дека враќањето на Хуанг следувало по серија разговори и состаноци со него. По тие средби, членовите на Одборот биле задоволни од неговата искреност и способноста да ја предводи „Енвидија“.

Враќањето на Хуанг претставува значителен пресврт во одлуката на раководството на компанијата. Минатата недела, новоименуваниот претседател на Одборот, Харви Џонс, за време на конференцискиот разговор по објавувањето на финансиските резултати на „Енвидија“ изјави дека Одборот едногласно ја прифатил доброволната оставка на Хуанг и дека нема намера повторно да го именува на функцијата.

Сепак, со најновата одлука, Хуанг се враќа на чело на компанијата, како претседател, извршен директор и член на Одборот на директори.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни