Новинарите во Македонија се соочуваат со етикетирање и обвинувања за политичка или финансиска поврзаност секогаш кога нивните ставови не се совпаѓаат со интересите на одредени структури, оцени Ерол Шакири во „Ноќно студио“ на 4ТВ.
„Ако ти изнесеш едно мислење, а не се совпаѓа со мислењето на одредена структура, веднаш си посочен со прст дека си платен од другата“, истакна Шакири.
Тој посочи дека во јавноста лесно се пласираат обвинувања дека одреден новинар е на нечија листа или дека одработува за нечии интереси.
Според Шакири, новинарите имаат право на сопствени убедувања и ставови, но неопходно е да се прави јасна разлика меѓу личното мислење изнесено во колумна и професионалното водење интервју.