Во живо Ноќно студио во живо Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија Гледај
Македонија

Нов удар врз семејниот буџет: Поскапуваат јајцата, месото, брашното и млечните производи

Нов удар врз семејниот буџет: Поскапуваат јајцата, месото, брашното и млечните производи

Новиот бран поскапувања веќе се чувствува на полиците во маркетите, а граѓаните во пресрет на новогодишните празници ќе треба да издвојуваат повеќе пари за основните прехранбени производи.

Цените на јајцата се зголемени од 11,6 до 13 проценти, брашното е поскапо за околу седум проценти, урдата за десет, павлаката до осум, а киселото млеко за шест проценти.

Повисоки цени има и кај свинското и мисиркиното месо, додека специјалните видови леб веќе се поскапени за пет проценти.

Се најавуваат дополнителни поскапувања

Производителите на јајца предупредуваат дека поради намаленото производство во зимските месеци и зголемената празнична побарувачка, цените би можеле дополнително да растат до крајот на јануари.

Пекарската индустрија, пак, предупредува на зголемени трошоци за енергенси и суровини. Засега останува неизвесно дали и за колку ќе поскапи обичниот леб.

Инспекторите ќе проверуваат и лажни попусти

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, посочува дека инспекциските тимови постојано ги контролираат набавните цени и трговските маржи, кои, според него, се речиси на исто ниво како минатата година.

Во пресрет на празниците ќе бидат засилени и контролите на акциските продажби, со цел да се спречи доведувањето на потрошувачите во заблуда преку лажни попусти.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши не ја исклучува можноста за интервенција доколку се утврди неоправдано зголемување на маржите.

За живот под кирија се потребни над 86.000 денари месечно

Според последните пресметки на Сојузот на синдикатите на Македонија, за покривање на основните месечни трошоци на едно семејство во ноември се потребни 70.827 денари, додека за семејство што живее под кирија сумата достигнува 86.202 денари.

Тоа значи дека двајца вработени во семејството треба да заработуваат по најмалку 43.101 денар месечно за да ги покријат основните животни трошоци.

Со растот на цените на храната и најавите за нови поскапувања, граѓаните се соочуваат со дополнителен притисок врз домашниот буџет токму во периодот на зголемена празнична потрошувачка.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни