Македонија

Три лица од Битола нападнале маж кој држел дете во раце во Пештани

Три лица од Битола нападнале маж кој држел дете во раце во Пештани
Фото: 4news.mk

Физички напад врз маж пред малолетно дете завршил со повреди и за детето во охридското село Пештани. Поради инцидентот, полицијата поднела кривична пријава против тројца жители на Битола, кои се сомничат за сторено кривично дело „насилство“ врз дете.

Според информациите од СВР Охрид, пријавени се З.Р. (47), О.Р. (22) и А.Р. (25), сите од Битола.

Настанот се случил на 23 август 2026 година во Пештани, кога тројцата физички го нападнале Р.Б., кој во тој момент го држел своето малолетно дете во раце. Во нападот детето се здобило со телесни повреди.

Од полицијата информираат дека по брзата интервенција, осомничените биле пронајдени и лишени од слобода, а против нив е поднесена кривична пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни