Балкан

Фрлена експлозивна направа врз куќата на директорот Слободан Вујичиќ во Србија

Фрлена експлозивна направа врз куќата на директорот Слободан Вујичиќ во Србија

Жителите на една улица во Обреновац утринава биле вознемирени од силна експлозија, откако непознато лице фрлило експлозивна направа врз семејната куќа на Слободан Вујичиќ, директор на претпријатието „Про Тент“. Во инцидентот нема повредени, но објектот претрпел материјална штета.

Според информациите што ги објавува РТС, нападот се случил нешто пред пет часот наутро. Од силината на експлозијата биле искршени прозорците, а оштетена била и фасадата на куќата.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и ја блокирала улицата во која се наоѓа објектот. На увидот присуствува и надлежниот обвинител, а истражните органи работат на утврдување на околностите и идентификување на лицето кое ја фрлило експлозивната направа.

Српските медиуми потсетуваат дека адвокатот Иван Ниниќ неодамна поднел кривична пријава против Вујичиќ и претпријатието „Про Тент“. Пријавата се однесувала на сомневања за собирање таканаречени „капиларни гласови“, односно организирано обезбедување поддршка на гласачи за политички цели преку лични контакти и нивно мобилизирање.

Засега нема официјална потврда дека претходно поднесената кривична пријава е поврзана со утринскиот напад.

Ноќно студио

Најнова епизода

Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни