Во живо Ноќно студио во живо Венко Филипче Гледај
Македонија

Филипче за „АЛТА банка“: Како е проверен кредибилитетот на сопственикот и кој ќе одговара за недостапните пари?

Филипче за „АЛТА банка“: Како е проверен кредибилитетот на сопственикот и кој ќе одговара за недостапните пари?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ ја обвини власта дека дозволила влез на „АЛТА банка“ без соодветна проверка на кредибилитетот на нејзиниот сопственик. Тој побара одговори за постапувањето на Народната банка и на Владата, посочувајќи дека последиците ги чувствуваат граѓаните и компаниите што не можат целосно да располагаат со своите пари.

„Една од главните работи што се проверува е кредибилитетот на сопственикот на банката. Како го провериле кредибилитетот на Давор Мацура, кој сега е во притвор?“, праша Филипче.

На прашањето дали проверката е надлежност на Народната банка, тој одговори потврдно и оцени дека при влезот на инвеститорот не биле испочитувани основните принципи и законските барања.

Филипче се повика и на интервју на премиерот Христијан Мицкоски, во кое, според неговото толкување, било кажано дека претходно бил одбиен обид за влез преку компанијата „Алта пеј“, а подоцна било дозволено преземање преку „АЛТА банка“.

„Истиот човек се обидува преку едната фирма, а сега влегува преку ‘АЛТА банка’“, рече Филипче, поставувајќи го прашањето што се променило меѓу двете постапки.

Лидерот на СДСМ изнесе и тврдење дека на владина седница им било укажано на јавни претпријатија да ги продадат своите акции во банката, со што сопственикот би стекнал дополнителен акционерски пакет. Според него, ваквото постапување отвора сомнеж за претходен договор.

„Зарем не се раѓа сомнеж дека тоа е претходно договорено?“, праша тој.

Зборувајќи за случајот во Србија, Филипче се повика на сомнежи за незаконско потекло и извлекување пари од белградската банка. Тие сомнежи ги наведе како причина поради која, според него, македонските институции требало потемелно да го проверат инвеститорот.

Тој ги прозва премиерот Мицкоски и гувернерот Трајко Славески, тврдејќи дека не реагирале на предупредувањата што СДСМ ги упатувал на прес-конференции.

„Банка која е во стечај во Србија и наши граѓани и компании кои не можат да стигнат до парите. Еве што е крајниот резултат“, порача Филипче во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со претседателот на СДСМ Венко Филипче

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни