Македонија

Трагедија во Мермерен комбинат во Прилеп: Почина 54-годишен работник

Трагедија во Мермерен комбинат во Прилеп: Почина 54-годишен работник

Тешка несреќа на работното место заврши со трагичен исход во Прилеп. 54-годишен работник во Мермерен комбинат утрово починал во прилепската болница, откако за време на ноќната смена се здобил со тешки повреди, информираат од компанијата.

По несреќата, работникот бил итно пренесен во Општата болница во Прилеп, каде лекарскиот тим се обидел да му го спаси животот. Сепак, сериозноста на повредите била преголема и тој им подлегнал утрово.

Од раководството и вработените во Мермерен комбинат упатија сочувство до семејството, роднините и најблиските на починатиот колега. Од компанијата посочуваат дека се во постојана комуникација со семејството и дека ќе им ја обезбедат потребната поддршка во овие тешки моменти.

За несреќата биле известени надлежните институции, а во тек е увид на местото на настанот со цел да се утврдат причините и околностите под кои дошло до повредувањето.

Од компанијата додаваат дека целосно соработуваат со надлежните органи за расветлување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни