Едно лице е приведено во рамки на истрагата за убиството на 38-годишниот маж, кој беше застрелан во близина на Смилковското Езеро кај Скопје. Информацијата ја објави телевизија Телма, повикувајќи се на свои извори.
Според првичните информации, приведеното лице е осомничено за поврзаност со кривичното дело.
Жртвата била погодена со куршум во ногата, при што била повредена артерија. Поради обилното крварење, мажот им подлегнал на повредите. Неговиот мобилен телефон бил пронајден во автомобилот.
Засега нема официјални информации за идентитетот на приведениот, ниту за мотивите што довеле до пукањето. Истрагата за случајот продолжува.