Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Балкан

Се проширува истрагата за „Алта банка“ во Србија, уапсени уште тројца за финансиски малверзации

Се проширува истрагата за „Алта банка“ во Србија, уапсени уште тројца за финансиски малверзации

Проширената истрага за финансиските злоупотреби во српската „Алта банка“ продолжува со нови апсења. По налог на Обвинителството за организиран криминал, полицијата приведе уште три лица осомничени за помагање во злоупотреба на службената положба, со што, според истрагата, била предизвикана штета од околу 45,56 милијарди динари.

Како што соопшти српското Министерство за внатрешни работи, уапсени се специјалниот советник за оперативно-технички работи, логистика, имот и безбедност во банката, Д.М. (51), директорот на „Алта груп“, Т.Б. (45), како и благајникот во трезорот на банката, Ј.П. (46).

Тројцата се сомничат дека во периодот од 2021 година до 30 октомври 2026 година учествувале во незаконски финансиски трансакции, поради кои настанала огромна материјална штета.

Според наводите на истрагата, Д.М., постапувајќи по налог на претходно уапсениот претседател на Управниот одбор и сопственик на капиталот на банката, неовластено подигнувал готовина од банкарскиот трезор и му ја предавал.

Во исто време, Т.Б. наводно ѝ наложувал на благајничката Ј.П. да евидентира уплати на дневен промет на сметката на „Алта груп“, иако за нив немало готовинско покритие. Средствата потоа биле префрлани на приватната сметка на осомничениот Д.М.

Со новите приведувања, истрагата за финансиските злоупотреби во „Алта банка“ добива ново проширување.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни