Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Балкан

Студенти, професори и претставници на дијаспората формираат нова политичка партија во Албанија

Студенти, професори и претставници на дијаспората формираат нова политичка партија во Албанија
A flag bearer carrying a flag is escorted by riot police during the 173rd day of anti-government protests in Tirana, Albania, on November 19, 2026. Greta Thunberg Joins Protest in Tirana, Albania - 19 Nov 2026,Image: 1153855206, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no , Credit line: Vlasov Sulaj/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Нова политичка иницијатива се појавува на политичката сцена во Албанија. Група студенти, заедно со професори, експерти од различни професионални области и претставници на дијаспората, го најавија формирањето на политичко движење под името „Обединети за Албанија“, објави „Танјуг“.

Од иницијативата велат дека нивната главна цел е да ги обединат граѓаните околу поинаков модел на управување, заснован на праведност, меритократија, одговорност и транспарентност.

Претставничка на студентската група посочи дека движењето сака да им овозможи на граѓаните институционална платформа преку која активно ќе можат да се залагаат за промени во земјата.

„Ние не даваме ветувања, туку поставуваме стандарди. Секое наше залагање ќе има мерлива цел, конкретна одговорност, трошок и рок. Јавно ќе го следиме исполнувањето и ќе вршиме контрола. Доколку нешто не оствариме, ќе објасниме зошто и ќе покажеме на кој начин ќе го исправиме тоа“, изјави таа.

Во иницијативата, покрај студентите, се вклучени и универзитетски професори, како и лица со професионално искуство во повеќе области. Веќе започнало и собирањето потписи за основање на политичкото движење.

Претставниците најавија дека во наредните денови ќе организираат средби со граѓаните во градовите и селата низ Албанија, каде што ќе ги презентираат своите идеи и ќе ги собираат потребните потписи.

Најавени се и јавни настапи на кои ќе бидат соопштени повеќе детали за организациската структура, програмата и идните активности на „Обединети за Албанија“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни