Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Сиљановска-Давкова од Охрид: Хрватска и Словенија стојат зад нас, но не побарав да изберат страна во спорот со Бугарија

Сиљановска-Давкова од Охрид: Хрватска и Словенија стојат зад нас, но не побарав да изберат страна во спорот со Бугарија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека на самитот Брдо-Бриони во Охрид не побарала од Хрватска и Словенија да застанат на македонска страна во спорот со Бугарија. На новинарско прашање дали добила такво ветување, таа одговори дека со лидерите разговарале за тоа билатералните спорови да се издвојат од процесот на пристапување во ЕУ, особено кога се однесуваат на идентитетски прашања.

„Говоревме за потребата од дебилатерализација, особено кога се работи за идентитетски прашања“, рече Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата по состанокот.

Според претседателката, поддршката од Загреб и Љубљана за македонскиот пат кон ЕУ е јасна. Таа оцени дека тоа го потврдиле и ставовите што ги слушнала на тркалезната маса и јавните пораки по средбата. Посочи и дека декларацијата од Охрид се осврнува на односите меѓу соседите и на билатералните прашања.

Сиљановска-Давкова се осврна и на ставот на Александар Чупиќ, претседател на Народното собрание на Србија и вршител на должноста претседател на државата. Според неа, Чупиќ се согласил со сите принципи во декларацијата, но на средбата кажал дека не може да ја потпише.

За спорот со Бугарија беше прашана и словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар. На прашањето на Македонската телевизија дали ЕУ го губи кредибилитетот кога билатерално прашање го кочи пристапувањето на една земја, Пирц Мусар нагласи дека мирот и стабилноста во Европа зависат и од членството на Западниот Балкан во Унијата. Таа повика и самите европски политичари да направат повеќе за да се забрза пристапувањето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни