Балкан

„Бариерите се во нашите глави“: Млади од Македонија, Србија и Косово повикуваат на доверба и дружење

„Бариерите се во нашите глави“: Млади од Македонија, Србија и Косово повикуваат на доверба и дружење

Повеќе меѓусебна доверба, дружење и разбирање, наместо предрасуди и поделби, побараа млади од Македонија, Србија и Косово, посочувајќи дека поврзувањето на новите генерации е важно за мирот и стабилноста на регионот.

Вишња Мајкиќ од Панчево, Србија, раскажа дека нејзини пријатели Албанци ја прашале дали нејзините најблиски би се лутеле ако се дружи со нив.

„Тогаш помислив каде стигнавме ако луѓето не чувствуваат слобода да се дружат со други само поради нешто што тие не го избрале“, рече Мајкиќ.

Нејзиното искуство ги отсликува предрасудите со кои младите сè уште се соочуваат при воспоставувањето пријателства во регионот.

Лази Тефики од Тетово смета дека значаен дел од пречките можат да се надминат со лична подготвеност за запознавање и комуникација.

„Мислам дека бариерите се само во нашите глави и дека ги замислуваме и дека може сите да се надминат доколку имаме желба и волја тоа да го направиме“, изјави Тефики.

Тој додаде дека меѓу неговите пријатели постои волја за надминување на поделбите и избегнување конфликти какви што регионот доживувал во минатото.

Учесниците укажаа и на одговорноста на политичките претставници да ги исполнуваат ветувањата и да придонесуваат за градење доверба во општеството.

Како една од целите на проектот ја посочија подготовката на младите „да бидат чинители на мирот и безбедноста во регионот“ и да можат да одговорат на предизвиците што би ја загрозиле неговата стабилност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни