Македонија

Декември започнува со температури под нулата – студени утра и дневни температури до 6 степени

Декември започнува со температури под нулата – студени утра и дневни температури до 6 степени

По врнежите од дожд и снег, следува период на стабилизирање на временските услови, но со ниски утрински температури кои ќе се спуштат до минус 4 степени.

Во понеделник ќе преовладува облачно време, со температури од минус 1 до 3 степени. Првиот ден од декември ќе донесе променливо облачно време со сончеви периоди, но и постудено утро со минус 3 степени.

Најстудено ќе биде во среда, кога утринската температура ќе се спушти до минус 4 степени, а максималната дневна ќе достигне само 2 степени, и покрај сончевото време.

Од четврток се очекува благо затоплување, со дневни температури до 5 степени, додека во петок максималната температура ќе достигне 6 степени.

Во сабота се очекува појава на магла, со температури од минус 2 до 4 степени.

Почетокот на декември ќе биде во знакот на студените утра, температурите под нулата и повремените сончеви периоди.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни