– Големиот шумски пожар во атарот на кичевското село Колибари е ставен под контрола. Во гасењето учествуваа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
-Противпожарната единица од Кичево и натаму останува на терен и заедно со месното население ја држат ситуацијата под контрола. Тешкотија преставуваше непристапниот терен каде се уште се преставниците на шумското претпријатие „Лопушник”, на Дирекцијата за заштита и спасување и на Општина Кичево. Во прв план ни беше да ги заштитиме куќите во што и се успеа и се стави пожарот под контрола, информира Емин Насуфи од Општина Кичево.
Според него, интервенциата на авионите на ДЗС многу помогнала за да се локализира пожарот.