10% покачување на платите на просветните работници е понудата од Министерството за образование на средбата меѓу првиот човек на Самостојниот синдикат за образование, Јаким Неделков, премиерот Зоран Заев и министерот за образование, Арбр Адеми. Адеми вели дека ова е историско покачување и дека платите со ова зголемување ќе почнат да се исплаќаат од април следната година.
Јаким Неделков од СОНК, вели дека треба да го изнесе пред Советот на СОНК, да го разгледаат, па дури потоа да донесат конечна одлука. Според Неделков, може да се направи многу повеќе во овој аспект.
Неделков додава дека до крајот на неделата Советот ќе донесе одлука за предлогот на Владата. Уште од почетокот на преговорите меѓу МОН и СОНК, просветните работници бараа зголемување на платите за 25%