„Системот треба да остане како што е. Прво: доколку одиме со една изборна единица даваме максимална можност бројот на пратениците Албанци да се намали бидејќи системот секогаш кога се бројат гласовите, секогаш се фаворизира првата партија и и дава двајца или тројца пратеници повеќе, бидејќи гласовите на партијата која не го исполнува цензусот, преминуваат кај првата партија. Се знае дека прва партија ќе биде македонска. На втората партија и дава еден или двајца пратеници повеќе и се знае дека и таа ќе биде македонска партија. И преминувањето во три изборни единици за мене исто така е многу дискутабилно. Ние од тогаш, од 2001 година кога имавме попис на населението 25,7% кога се претвораа во гласачи, Албанците беа под 20%, младите кај Албанците се мнозинство и затоа треба да бидеме многу внимателни. Начелната позиција на ДПА е прво да има попис на населението и потоа да одлучиме за изборниот систем. Дефинитивно имам став и како претседател на партија – Преферирам отворени листи“, изјави Мендух Тачи за ТВ21.