„Најголемата лага е дека од Арачиново ќе заминат 300 пилоти.
-Ова ми го кажавте и зад камерите, но не разбрав добро. Кажи ми кој ви ветил дека ќе бидат вработени 300 пилоти?
-Овие што се на власт, социјалдемократскиот сојуз.
-Ќе ни раскажеш ли тука?
-Да. Значи најголемата лага е некому да кажеш – ќе се вработиш како пилот. И тоа се случи во нашето село. Залудни ветувања. На младите од Арачиново им остана само да одат по странските амбасади, да чекаат визи и да одат во странство“, вели жител на Арачиново.
Оваа изјава на овој жител од Арачиново во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
Беше повод и за денешни обвинувања од страна на опозицијата дека како што велат тие ветувањата на Заев се болни да се слушаат.
По ова реагираа и од СДСМ од каде ги демантираат изјавите на жителите во синоќешното издание на „Click Plus“.
Инаку во синоќешната емисија на „Click Plus“ во Арачиново се разговараше за локалните проблеми, општината како и за тоа колку се релизирани ветувањата во предизборието од страна на власта.