Протест на вработените во култура пред ресорното Министерство. Бараат нов колективен договор, кој како што велат, ќе ги уреди платите на сите вработени. Дел од нив , за ТВ21 велат дека првиот колективен договор е потпишан пред 14 години, но дека веќе тој договор не им одговара.
На протестот беше и шефот на Кабинетот на Министерството за култура, Фатон Фазлиу.
Од минситерството велат дека ги поддржуваат културните работници за исполнување на нивните барања.
На крајот од протестот, вработените добија вест дека премиерот Зоран Заев го прифатил нивното барање за средба на која ќе разговараат за новиот колективен договор и проблемите со кои се соочуваат.