Македонија

Фрчкоска: Катица Јанева e во лоша здравствена состојба

Третоосмничената во случајот „Рекет“, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, денеска ќе биде однесена на кардиолошки преглед во болница. Ирена Фрчкоска за ТВ21 потврди дека на Јанева и е прифатено барањето да оди на кардиолошки-интернистички преглед, и дополнила дека Јанева е во лоша здравствена состојба.

-Има висок притисок и општа анксиозност, здравствената состојба и е многу лоша. Ќе видиме подоцна што ќе кажат докторите околу дијагнозата – вели Фрчкоска.

Претходно беше побарано притворот да и биде заменет со домашен притвор, но Судот не го одобри барањето.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни