Македонија

Извршителите „ги соголуваат“ граѓаните – Попоски: Стопанска банка фалсификуваше договори

Во синоќешното издание на „Клик Плус“, во која тема на дебата беа извршителите, Расема Мехмед, самохрана мајка, која има две ќерки, рече дека е жртва на извршителите и дека нејзината битка со нив трае неколку години. Иако го исплатила долгот, во документот сѐ уште стои како неподмирен, при што ѝ се зголемува и каматата.

Дарко Попоски вели дека има фалсификувани предмети со фалсификувани договори од Стопанска Банка АД-Скопје за наплата на непостоечки барања. ТВ21 побара став и од Стопанска околу обвинувањата на Попоски, но не добивме одговор.

„Рекетот“ на Боки 13 е ситница во споредба со она што го прават извршителите во земјава, изјави Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикалните организации“.

Во Здружението на извршители се регистрирани 101 извршител. Ана Глигорова од Иницијативата „Стоп за извршители“, рече дека според податоците на Народна Банка во моментов извршителите имаат блокирано околу 90.000 сметки на физички лица. Според неа, граѓаните се жртва на криминал кој завршува со извршителите.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни