Македонија

Доделени наградите „11 октомври“: Одликувани Коцарев, Мирчевски и Дурацовски

„Секоја држава и секој народ има свои приказни во кои се вткаени победите и поразите на безброј генерации во битките за остварување на сопствените идеали“. Ова го истакна Драган Ѓоргиев, претседател на Одборот за доделување на наградата 11 Октомври, на свеченоста во Собранието каде беа доделени годинешните награди. Тој додаде дека зад тие настани стојат одредени датуми кои покрај историската димензија во себе секогаш содржат и силни емоции и симболика.

„Еден од тие датуми полн со симболична и емотивна димензија во поновата историја на македонскиот народ е 11 октомври 1941 година денот кога започна борбата за конечното создавање на македонската современа држава. Идеалот на таа борба предводена од македонските партизани беше идеалот на слободата правдата и еднаквоста“, вели Ѓоргиев.

Од името на наградените се обрати академик Љупчо Коцарев кој го постави прашањето, што е тоа што следува и каде ние одиме и кои се нашите приоритети.

„Првиот приоритет е враќањето на рамнотежата меѓу пазарите државата и граѓанското општество. Државите имаат обврска не само да ги ограничат и обликуваат пазарите низ призмата на различни процеси“, изјави Коцарев.

На свеченоста во Собранието покрај голем број значајни личчности присуствуваше и премиерот Зоран Заев, кој на граѓаните им го честиташе големиот празник 11 Октомври. Денеска се одбележуваат 78 години од почетокот на нашата борба која преку востание се бореше за слободна независна Република Македонија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни