Македонија

Груевски стана унгарски државјанин – се очекува в недела да гласа на локалните избори?

„Гласачот по име Никола Груевски е на Избирачкиот список. Името на гласачот, како и на возраст од 49 години, се совпаѓа со оние на поранешниот македонски премиер, кој избега во Унгарија, каде што доби азил “, се вели во текстот на 24.ху пред неколку часа.

Според изворите на порталот, овој нов избирач на Избирачкиот список има лична карта од Петтиот округ, но нема адреса.

Независен портал 24.hu пренесува дека Никола Груевски добил правото на глас на локалните избори во Унгарија закажани за в недела. Тој се наоѓа на Избирачкиот список во петтата област во главниот град каде доби азил благодарение на неговиот пријател, премиерот Виктор Орбан.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни