Тесни, со дупки, а повеќето од нив и без канализација. Во ваква состојба се улиците и уличките во населбата Дижонска. Жителите пред камерата на ТВ 21 велат дека ветувањата што им биле даде останале само зборови и дека никој ништо не презема во оваа зона. Се жалат дека улиците во Дижонска наликуваат на улици од 18-ти век.
Додека ТВ21 беше во Дижонска, видовме екипа како работи на една уличка. Работниците не сакаа да говорат пред камера, само рекоа дека се ангажирани од општината.
Портпаролот на општина Чаир, Куштрим Ала, вели дека надлежно за одржување на водоводната и канализационата мрежа е Јавното претпријатие „Водовод и канализациja.
Истите проблеми и поплаки, мештаните ги изнесоа и пред неколку месеци кога ТВ21 извести за состојбата на улиците во Дижонска.