Премиерот Зоран Заев денеска на сведочењето за случајот „Тарет Тврдина“ рече дека најприслушувани биле телефоните на СДСМ.
„Прв пат за прислушувањето слушнав кога станав претседател СДСМ. Претседател на Комисијата за безбедност и контраразузнавање беше Зоран Верушевски. После јуни 2013 година дознав за прислушувањето. Тие материјали ги добиле од институциите во Македонија за потребите на СДСМ. Само јас како претседател бев информиран за тие разговори. Од тие материјали дознавме дека се прислушувани над 20.000 директно или индиректно. Најмногу се прислушувани телефони на СДСМ, па на новинари и на високи претставници на албанските партии“, рече Заев.