Македонија

„Сликата на другиот во балканската култура“ – Ако вчера се гледавме преку пиштол, денес тоа да е преку љубов

“Сликата на другиот во балканската култура“ е насловот на научната конференција на која главна поента е како народите на Балканот се гледале меѓусебно, за предрасудите кон „другиот“ изразени во јазиците, литературата, историјата и медиумите.

Еден од секторите на Институтот е оној на културните, историските и лингвистичките меѓусебни врски меѓу Албанците и Македонците, кој, како што објасни Скендер Асани, е создаден за да пронајде јазик и канал за комуникација со „другиот“, како во етничка така и во религиозна припадност во земјата.

„Ова може да биде мал чекор за светот но е многу голем чекор во нашиот свет, каде до вчера се гледавме преку пиштолите и таа не доверба се очекува да се претвори во љубов, а сомнежот да се претвори во доверба. За нас диверзитетот не е хендикеп, туку богатство. Покрај другите ние се запознаваме самите себе“, вели Асани.

Меѓу присутни функционери и научници, беше и Премиерот Заев и Мистерите Адеми и Исмаили.

„Од моја гледна точка, овој семинар цели да го фокусира папокот на Балкан, тоа што самиот професор Венко Андоновски го нарекува „папокот на светот“ и јас сум среќен тоа да биде во Скопје. Можеби не е скромно, но не треба да се срамиме да кажеме дека од балканските главни градови, Скопје најмногу го заслужува овој епитет“, рече Исмаили.

„Често пати предрасудите кои се случиле во минатото меѓу народите на Балканот, предизвикале тензии, длабоки кризи, што понекогаш или можеби често резултирале и со конфликти, остри и крвави војни, затоа верувам дека научната дебата ќе придонесе за елиминирањето на предрасудите за „другиот“-вели Адеми.

Говорејќи за уникатноста на мултикултурализмот и науката како мост што ги поврзува сите, премиерот, Зоран Заев, соопшти добра вест – со ребалансот на буџетот се зголемени платите за истражувачите во 7-те институти во земјава.

На дводневната конференција, научници од земјава и регионот ќе ги презентираат своите истражувања, а денес се разговараше и за првиот том од зборникот „Балканологија I “, во кој се наоѓаат ланската истражувачка работа на научниците како што се академците: Реџеп Ќосе, Агим Виница, Јордан Плевнеши, Фљореша Дадо и Хисен Матоши.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни