„Добар ден на сите. Mirëdita. Јас сум Един Растодер, уредник на информативна програма на ТВ21 и ви благодарам што и оваа година ја одбравте нашата телевизија да ја посетите во рамки на медиусмкиот ден. Се надевам дека ќе бидам добар домаќин и ќе научите повеќе за телевизијата.“.
ТВ21 беше домаќин на ученици од различни средни училишта од Македонија во рамки на Медиумскитот ден и Деновите на медиумската писменост. Бевме добри домаќини, па се обидовме на средношколците да им овозможиме одблиску да почувствуваат како е да се биде новинар и да се биде дел од една телевизија.
„Се зема целиот бруто материјал, се става на програма, се работи во „Премиер про“. Во програмата според исчитаното, снимките се прави монтажа заедно со новинарот“.
Некои од учениците добија можност да седнат пред камерата и да се обидат да презентираат вести. Барем на кратко, имаа можност да бидат во улога на презентери.
„Ова е стресна работа, бара многу труд. Секогаш треба да се биде сконцентриран на високо ниво за да се постигне максимумот“, вели Едвин Суловски.
„Медиумите имаат должност да нè информираат што се случува околу нас, во Македонија и во светот. Секоја вест што ја примаме не е вистина. Треба да бидеме сигурни дека не е лажна вест. Koj ги пишува тие вести. Дали наслов одговара со содржината“, рече Канита Ајдини.
„Стануваме свесни дека не мора да веруваме во сè што читаме преку Интернет и преку портали, без да бидеме сигурни од каде потекнуваат информациите и кој портал ги објавил. Не треба слепо да веруваме во она што го читаме во секојдневниот живот“, рече Исра Зенделовска.
„Телевизија да не лажам не гледам. А читам на тајм.мк бидејќи таму ги има сите вести од сите портали. Најмногу ме интересираат вестите од светот бидејќи во Македонија се е испреплетено“, вели Анастасија Алексова.
„Не можеме да веруваме во се што ќе почитаме има многу извори кои се нерелевантни има и портали кои пишуваат многу лажни вести“, рече Александра Здравевска.
Годинава ТВ21 беше домаќин на средношколците од училиштата „Зеф Љуш Марку“ и „Орце Николов“ од Скопје, „Кочо Рацин“ од Велес и „28 ноември“ од Дебар. Посетата е организирана од страна на Институтот за комуникациски студии.