Пред градскиот часовник, на поинаков начин, членовите на независната советничка листа во Битола – „Поинаку“ го честитаа 4. ноември – Денот на ослободувањето на Битола.
„Загадена си, валкана, напуштена, ама за нас си една и засужуваш да бидеш украсена и најуба на твојот ден“, напишаа тие на социјалните мрежи по акцијата утрово.
На денешен ден во 1944 година борците од 49-тата дивизија на НОВ и ПО победосно маршираа низ Битола откако го ослободија градот од преостанатата германска војска.
