Паника меѓу родителите откако на социјалните мрежи се појави вест дека во Основното училиште „Лирија“ во Чаир е регистрирано присуство на смртоносна бактерија. За да ги смири родителите, директорката на училиштето, излезе со соопштение на Фејсбук, во кое пишува:
-Во врска со веста која се прошири на социјалните мрежи за присуство на бактерија кај ученик во Основното училиште „Лирија“, децидно негираме дека станува збор за смртоносна бактерија, остро осудувајќи го непотребното ширење паника.
-Ученик од седмо одделение во ОУ „Лирија“, заразено од бактеријата МРСА. Директорката на училиштето, Теута Идризи, не сакаше да сподели повеќе детали и да се произнесе за ТВ21, велејќи дека не е потребно и дека веќе се произнела писмено. Од Општина Чаир велат дека нема потреба за паника, бидејќи веќе се преземени потребните мерки-вели репортерот на ТВ21.
-Според медицинските извештаи, по извршените прегледи кај детето, се покажа дека станува збор за бактеријата МРСА, обична бактерија, која се елиминира со соодветен медицински третман. Меѓутоа, за секој случај, општина Чаир во соработка со надлежните здравствени институции и раководството на училиштето, ги презема сите неопходни мерки за дезинфекција на училишниот објект-рече Куштрим Ала од Општина Чаир.
Од Институтот за јавно здравје не добивме одговор – дали и во други училишта има регистрирани случаи на заразени со бактеријата. Од општина Чаир додаваат дека тој ученик е единствениот случај и дека се анализираат изворите од каде се заразил. Апелираат родителите да останат мирни и за секој случај да ги однесат нивните деца на лекарски преглед. Инаку, годинава, со бактеријата МРСА се заразени 4 деца.