Македонија

Пронајдена рачна бомба на брегот на Мавровското езеро

Вчера околу 16 часот во Полициското оделение Маврово, С.Ш. (36) од Гостивар пријавил дека покрај брегот на Мавровското езеро, помеѓу село Леуново и село Никифорово, кај место викано „Црн камен“, била пронајдена експлозивна направа.

Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот и констатирале дека станува збор за рачна бомба и таа била подигната за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни