Буџетот за наредната година ќе изнесува 3,615 милијарди евра, а во фокусот ќе биде човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор. Педесет и шест отсто од вкупните буџетски расходи ќе одат во области врз кои се потпира човечкиот капитал.
Предлогот што доби поддршка од Владата го претставија денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев и министерката за финансии Нина Ангеловска.
Премиерот истакна дека во средиштето на вниманието кога се креираат политиките се граѓаните и растот на стандардот и дека политиките во наредната година ќе бидат посветени на човечкиот потенцијал.
– И ако прашате зошто овој буџет се гледаше на две седници. За секој денар на граѓаните се водеше сметка каде ќе биде најдобро и најпродуктивно искроистен во полза на придобивките на нашите граѓани. Сепак, капиталните инвестиции остануваат повеќе од 23 милијарди денари која е вообичаената ставка во буџетот. За да биде скроен по мерка на граѓаните, овој буџет е влог во луѓето, во човечкиот капитал, рече Заев.