Претседателот Стево Пендаровски, точката за загадувањето на воздухот ќе ја стави на дневен ред на следното заседавање на Советот за национална безбедност. Оваа одлука беше донесена по средбата меѓу Пендаровски и претставниците на организации, чија дејност е заштита на животната средина. Душко Груевски од Битола, рече дека во последни 5-6 години, проблемот со аерозагадувањето е повеќе од јасен, додавајќи дека недостига волја и дрскост од државните институции за да изнајдат решение за проблемот.
Аријанит Џафери од „Еко Герила“ побара во ваква ситуација Претседателот да стане народен правобранител и да се повика на правото за чист воздух и животна средина.
Новески од „Скопје Смог Аларм“ вели дека во случај да нема подобрување во борба против загадувањето, Претседателот треба да прогласи кризна состојба и да се ангажира и Армијата.
Од организациите побараа да се формира фонд за заштита на животната средина. На средбата беа присутни претставници од 14 организации. По средбата, со писмено соопштени од Кабинетот на Претседателот информираа дека ги прифаќаат речиси сите барања на организациите, но велат дека Армијата не може да се вклучи во борбата против аерозагадувањето, бидејќи внатрешниот ред на државата е во надлежност на полицијата.