Македонија

4,2 милиони луѓе умираат од аерозагадувањето годишно, Мантованели: Владата да премине на конкретни чекори

Светска банка ќе помага во справувањето со згадувањето, во делот на енергетската ефикасност. Време е да се  премине на конкретни чекори на терен  -вели Марко Мантованели, директор на Светска банка.

-4,2 милиони луѓе умираат од аерозагадувањето секоја година. Регионот западен Балкан не е исклучок, заболувањето, смртноста од загадувањето на воздухот се на врвот на овие причински фактори. Оваа агенда е на врвот на приориеттите на агендата на Светска банка како и на владите во регионот. Така што нашата заложба тука е да помогнеме на владата на РСМ да преминат на конкретни чекори на терен.-рече Мантованели.

Не постои друг пат за справување со изворите на загадувањето од нивната замена-вели Макрадули. Инверторите ги смета за  иднината на затоплуањето во следните 10 години. Планот на Министерството за животна средина  за намалување на загадувањето ќе го промени  затоплување то во 45 градинки или основни училишта , една болница во Струмица и студенсткиот дом Кузман до крајот на 2019-та. Во 36 училишта ќе бидат поставени прочистувачи за привремено решавање на проблемот. Се превземаат мерки во делот на монисторингот,  инфраструктурата и подигнувањето на свеста.

-Реалноста кога зборуваме за кај нас, таква е структурата на ПМ честичките 90 % се создаваат од греењето на дрва, греењето на пластика,гуми, палењето пожарите, користењето на јаглен.   Скопје во една сезона троши 317 000 тони дрвја онолку колку што има на Водно. Многу возила околу 30 000 просечно доаѓаат во Скопје-изјави Јани Макрадули.

1,6 милиони евра се предвидени во буџетот  за реализирање на мерките проти аерозагадувањето. 24 милиони евра за гасификацијата. Предвидени се сретсвата кои ќе прионесат за намалување а загадувањто и во Министерството  за економија за енергетската ефикасност и во Министерството  за образование. Во Вододод и канализација 50 милиони евра предвидени против  загадувањето и прочистителната станица во Скопје која е 120 милиони евра.

И додека заменик министерот ги презентира мерките против загадувањето фб групата „Против       загадување  и труење на народот“ организира протест на 29-ти ноември пред ресорното министерство. Пред камера несакат да зборуваат, но не поканија и апелот ќе го кажат на денот на протестот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни