Македонија

На поставена биста на Вилсон во Чаир – блокирани улици, возила среде булевар

Блокирани улици, полиција, автомобили паркирани на сред улица. Вака изгледаше пречекот на политичарите во о.Чаир по повод поставувањето на бистата на поранешниот претседател на САД, Вудро Вилсон.  Првиот човек на Чаир, Висар Ганиу, за време на неговиот говор, им порача на младите да ги наследат вредностите на екс-претседателот. Но, младите од Форумот на ДУИ чекаа надвор, некои од нив и со училишни чанти.

Пред поставувањето на бистата, политичарите беа пречекани со песната “I see trees of green” од Луис Амстронг.

Бистата на 28-миот претседател на САД ја открија 6 лица. Бистата е поставена по повод 100-годишнината од потпишувањето на Версајскиот договорот, со кој беше означен крајот на Првата светска војна. Општина Чаир, по иницијатива на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, одржа и Академија во чест на Вудро Вилсон.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни