Стево Пендаровски, претседателот на нашатра земја, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на соседна Србија. Тој денеска со највисоки државни и воени почести ќе биде дочекан од претседателот Вучиќ.
Пендаровски ќе има средба со српскиот претседател Вучиќ во Палата Србија во Белград, по што ќе следува и пленарен состанок меѓу делегациите на Република Македонија и на Република Србија.
Претседателот Пендаровски, како што најавуваат од неговиот кабинет, ќе има средба и со претседателката на Владата на Република Србија Ана Брнабиќ и со претседателката на Народното собрание на Република Србија Маја Гојковиќ.
Предвидена е и прес-конференција за медиумите и обраќање на двајцата претседатели.
Пендаровски утре во Нови Сад ќе учествува на 4. Регионален младински форум и ќе се обрати на претседателската панел-дискусија „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците“, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Република Словенија Борут Пахор.