„Нема да се мешаме во политиката на Северна Македонија. Тие одбраа да одат по патот на НАТО. Ние нема да одиме по тој пат“, рече Александар Вучиќ на прашање дали ќе има проблем тоа што Северна Македонија одлучи да биде членка на НАТО.
„Нивните граѓани и политичари го одбраа тој пат. Ние не сакаме во НАТО, и крај! Тоа сум го кажал јавно и пак ќе го кажувам. Ние самите ќе формираме одбранбен систем, сами ќе го чуваме нашето небо и нашата територија“, рече Вучиќ.