Македонија

Нема доволно „бесплатни вакцини“ -комерцијалните вакцини се 650 денари

Над 20 илјади граѓани веќе закажале термин за вакцинација од сезонскиот грип во трите поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров, информираат од Министерство за здравство. Бурак Шабани од Центар за јавно здравство, вели дека заинтересираноста е голема.

Невзат Елези од Здружението на лекари вели дека има недостиг на бесплатни вакцини но постојат комерцијални вакцини кои чинат 650 денари.

Во поликлиниката во Чаир, ја сретнавме 70 годишната баба Цвета, која денеска дошла да прима вакцина против грип но и било кажано дека прво треба да закаже термин.

Од Министерство за здравство велат дека треба да стигнат уште 14.400 дози вакцини и ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат против сезонскиот грип со цел да го штитат нивното и колективното здравје.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни